Сарах Сандерс: САД ќе го соопштат својот став во врска со убиството на саудискиот новинар Кашикчи

Портпаролката на Белата куќа Сарах Сандерс истакна дека САД ќе го соопштат својот став во врска со случајот со убиството на саудискиот новинар Џемалч Кашикчи (Џамал Кашоги) во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул

1077873
Сарах Сандерс: САД ќе го соопштат својот став во врска со убиството на саудискиот новинар Кашикчи

САД се очекува да го соопштат својот став во врска со случајот со убиството на саудискиот новинар Џемалч Кашикчи (Џамал Кашоги) кој на 2 октомври влезе во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул, а потоа беше обелоденото дека таму е убиен. 

Портпаролката на Белата куќа Сарах Сандерс на одржаната прес-конференција потсети дека директорката на американската Централна разузнавачка агенција ЦИА Џина Хаспел го информира претседателот Доналд Трамп за нејзината минатонеделна посета на Турција во врска со убиениот судиски новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги).

Сандерс рече: „Ќе ја соопштиме нашата одлука во врска со тоа каков пат ќе следиме.“ 

Во врска со убиството на саудискиот новинар Џемалч Кашикчи (Џамал Кашоги) во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул, Сарах Сандер рече: „По нејзините остварени средби и разговори со цел собирање на разузнавачки информации во странство, мината недела се состана со директорката на ЦИА Џина Хаспел и моментално администрацијата прави проценка на различни опции. Ќе ја соопштиме нашата одлука во врска со тоа каков пат ќе следиме.“

Сандерс во својата изјава избегна да изнесе коментар во однос на тоа дали директорката на ЦИА Хаспел за време на нејзините средби во Турција ги ислушала аудио-снимките во врска со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги). 

 



Слични вести