Помепо: „Во името на САД на турскиот народ му го честитам празникот на Републиката“

Двете сојузнички земји на НАТО, десетици години како соработуваат за воспоставување на мирот и просперитетот во светот

1077829
Помепо: „Во името на САД на турскиот народ му го честитам празникот на Републиката“

Американскиот државен секретар Мајк Помпео објави порака по повод 29 октомври, Празникот на Републиката.

Помпео пораката ја започна со следните зборови:

„Во името на САД, на турскиот народ му ја честитам 95-та годишнина од формирањето на Република Турција.

Цврстото партнерство меѓи двете земи има големо значење од аспект на безбедноста и просперитетот на граѓаните, а исто така ќе ги зајакне и заедничките цели како што се просперитетот, стабилноста и владеењето на правото.

Двете сојузнички земји на НАТО, десетици години како соработуваат за воспоставување на мирот и просперитетот во светот.

Безбедноста соработка во Авганистан и Сирија како и силното и континуирано партнерство имаат критично значење од аспект на борбата против регионалните закани.

Во период кога турскиот народ ја одбележува годишнината, САД уште еднаш ја потврдува поврзаноста меѓу двете земји и врз основа на заедничките сфери на интересирање и силните врски на минатото, со нетрпение очекуваме да го прошириме обемот на заедничката соработка во иднина“ рече Помпео.



Слични вести