Авионска несреќа во Суматра

Властите соопштија дека авионот паднал во морето

1077365
Авионска несреќа во Суматра

Во морето пред индонезискиот остров Суматра падна еден патнички авион.

Сеуште нема информации за тоа дали има спасени од 189 патници на авионот.

13 минути по полетувањето на патничкиот авион Боинг 737 кој полета од аеродромот на Џакарта за градот Пангал Пинанг на островот Суматра, дојде до прекин на врската.

Пред да се прекине врската пилотот на авионот од контролната кула побарал дозвола за враќање. Покрај тоа што кулата даде дозвола за слетување, за кратко време целосно беше прекината врската.

Властите соопштија дека авионот паднал во морето.

Агенцијата за борба против несреќите на Индонезија соопшти дека екипите за спасување стигнале до местото на несреќата и ги откриле остатоците на авионот.

Сеуште нема информации дали има спасени од 181 патници од кои 3 беа деца и 9 членови на екипажот.

Авиокомпанијата чиј авион падна од 2007 година наваму поради безбедносни причини се наоѓаше на црната листа на ЕУ.

Во јуни 2016 година Европската унија ја укинаа забраната на летовите на компанијата за земјите членки.



Слични вести