Загрижува ситуацијата во подрачјето Ал Танф кое се наоѓа под американска окупација

САД продолжуваат да флертуваат со курдските сепаратистички групи и на јужната страна на Сирија

1075848
Загрижува ситуацијата во подрачјето Ал Танф кое се наоѓа под американска окупација

Русија соопшти дека продолжува загриженоста во врска со ситуацијата во подрачјето Ал Танф на југот на Сирија кое е наоѓа под отворена американска окупација.

Портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова на редовната неделна конференција за печатот се осврна на ситуацијата во Сирија.

Захарова рече дека САД продолжуваат да си погруваат со курдските сепаратистички групи и на јужната страна на Сирија, исто како што тоа го прават на североисточната страна на оваа земја.

Ситуацијата во подрачјето Ал Танф на југот на суверените територии на Сирија се наоѓаат под отворена окупација на американските сили и продолжува да предизвикува загриженост, рече портпаролката Захарова.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервјуто за еден француски ТВ-канал пред одреден период рече дека САД ги искористува Курдите во Сирија.

„САД играат опасна игра со проектот Курдистан во Сирија“ рече Лавров.



Слични вести