Трамп: По се изгледа дека новинарот Кашикчи е мртов

Трамп најави „многу сериозни" последици доколку Ријад биде одговорен за исчезнување на Кашикчи

1071686
Трамп: По се изгледа дека новинарот Кашикчи е мртов

Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека верува дека саудискиот новинар Џемал ​​Кашикчи е мртов. Тоа се заснова на разузнавачките извештаи од повеќе извори кои силно сугерираат на улогата на Саудиска Арабија во овој случај.

Трамп во интервјуто за Њујорк Тајмс  за случајот Кашикчи, истакна дека наводите за тоа дека саудискиот принц го наредил убиството покренале длабоки прашања за американскиот сојуз со Саудиска Арабија.

„Ова за жал сега длабоко ја разбранува имагинацијата на целиот свет", рече Трамп за Њујорк Тајмс во Овалната канцеларија.

Претходно, Трамп изјави дека „несомнено изгледа" дека новинарот Џемал Кашикчи би можел да биде мртов. Тој најави „многу сериозни" последици доколку Ријад биде одговорен за исчезнување на Кашикчи и можна смрт.

Новинарот и колумнистот на весникот Вашингтон Пост исчезна на 2. октомври откако влегол во комплексот на конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

Кашикчи е познат е како голем критичар на политиката која ја води актуелната власт на Саудиска Арабија, а го поддржувал и весникот Ал Ватан кој претставува главна платформа на саудиските реформисти.



Слични вести