Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди индонезискиот остров Суматра

Епицентарот на земјотресот се наоѓаше во на 30 км североисточно од провинцијата Западен Аче на длабочина од околу десет километри

1071155
Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди индонезискиот остров Суматра

Индонезискиот Институт за метеорологија, клима и геофизика (БМКГ) соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓаше во на 30 км североисточно од провинцијата Западен Аче на длабочина од околу десет километри.

Во меѓувреме, бројот на загинатите во земјотресот со јачина од 7,5 степени што го погоди индонезискиот остров Сулавеси и цунамито по земјотресот се зголеми на 2 091.

На 26 декември 2004 година во Индонезија која се простира на трусно и вулканско подрачје и е позната и како Пацифички огнен прстен се случи земјотрес со јачина од 9,1 степени. Бројот на жртвите по земјотресот и цунамито што опфати поширок простор изнесуваше 230 илјади.

Според Американскиот центар за геолошки истражувања (УСГС) на 3 км северно од Лопе де Вега се случи земјотрес со јачина од 5 степени.

Сеуште нема информации за човечки загуби и материјална штета.

Во земјотресот со јачина од 7,2 степени што се случи на 15 октомври 2013 година во Филипините кои исто така се наоѓаат во трусното и вулканско подрачје Пацифички огнен прстен загинаа 144 лица.



Слични вести