Експлозија во училиште во Крим

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека се разгледува можноста експлозијата да има терористички карактер

1070499
Експлозија во училиште во Крим
kırım patlama.jpg

Десет лица ги загубија животите во експлозијата што се случи во едно училиште во Крим кој е под анексија на Русија.

Според информациите на изворите за руската новинска агенција РИА Новости, во експлозијата се повредени најмалку 50 лица.

На местото на експлозијата беа испратени голем број амбулантни возила  пожарни.

Во меѓувреме во соопштението што беше објавено од страна на Рускиот Комитет за национална борба против тероризмот, беше истакнато дека експлозијата се случила поради експлозијата на една рачна експлозивна направа и беше потенцирано дека започнале активностите за фаќање на одговорните.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека се разгледува можноста експлозијата да има терористички карактер.

Во првото соопштение кое беше објавено по експлозијата беше истакнато дека причината ебеш компресија на гас.

Од друга страна пак, според изјавите на некои очевидци, пред експлозијата од подрачјето се слушнале голем број на истрели од огнено оружје.



Слични вести