Трамп: Помпео ќе го испратам во Саудиска Арабија

Трамп рече дека за прашањето по телефон разговарал со саудискиот крал Селман Бин Абдулазиз

1069104
Трамп: Помпео ќе го испратам во Саудиска Арабија

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека по повод случајот во врска со исчезнатиот новинар Џемал Кашикчи, министерот за надворешни работи Мајк Помпео ќе го испрати во Саудиска Арабија.

На постот што го објави преку профилот на твитер, претседателот Трамп се осврна на случајот со исчезнување на саудискиот новинар Џемал Кашикчи кој на 2 октомври откако влезе во зградата на Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул и од кого нема никакви информации.

Трамп рече дека за прашањето по телефон разговарал со саудискиот крал Селман Бин Абдулазиз кој рече дека немал информации за состојбата на саудискиот граѓанин. Кралот ми рече дека активно соработуваат со турските власти за изнаоѓање одговор на случувањата.

Во продолжение Трамп истакна дека под итно ќе го испрати министерот за надворешни работи Мајк Помпео да разговара со кралот Селман за случувањата.



Слични вести