Повик од три земји за случајот Кашикчи

Слободата на изразување и печатот како и заштитата на новинарите е еден од клучните приоритети за В. Британија, Франција и Германија

1068718
Повик од три земји за случајот Кашикчи

Велика Британија, Франција и Германија од Саудиска Арабија бараат одговор за исчезнувањето на саудискиот новинар Џемал Кашикчи.

Велика Британија, Франција и Германија изразија поддршка на иницијативата за формирање заедничка турско-саудиска група за истражување на случајот во врска со исчезнувањето на новинарот Џемал Кашикчи.

Министрите за надворешни работи на Британија, Франција и Германија, Џереми Хант, Жан-Ив Ле Дриан и Хеико Маас објавија заедничко соопштение во врска со исчезнувањето на новинарот Џемал Кашикчи.

Во заедничкото соопштение беше истакнато дека слободата на изразување и печатот како и заштитата на новинарите е еден од клучните приоритети за Британија, Франција и Германија.

Затоа треба да се расветли случајот на исчезнување на саудискиот новинар Џемал Кашикчи кој од 2 октомври се води за исчезнат и нема никаков контакт со семејството.

Велика Британија, Германија и Франција ја споделуваат загриженоста на високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Овој настан за нас има мошне сериозно значење. Има потреба од утврдување на сето она што навистина се случи и ако има одговорни за исчезнувањето на Џемал Кшикчи, истите да се утврдат и да се праша сметка. Ги поттикнуваме заедничките напори на Саудиска Арабија и Турција на тоа поле и од Саудиска Арабија бараме да подготви сеопфатен и детален извештај. Пораката директно им ја доставивме и на саудиските власти.



Слични вести