Гутерес посака да се обелодени случајот со саудискиот државјанин и новинар Кашикчи (Кашоги)

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес изјави за „ББС“ дека чувствува загриженост во врска со случајот со саудискиот државјанин и новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) и посака да се разјасни и обелодени случајот

1068279
Гутерес посака да се обелодени случајот со саудискиот државјанин и новинар Кашикчи (Кашоги)

Генералниот секретар на Обединетите Наци (ОН) Антонио Гутерес во врска со саудискиот државјанин и новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) кој на 2 октомври влезе во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул и оттогаш не можат да се добијат никакви информации и е изгубена секаква трага од него, даде изјава за британскиот глобален информативен сервис „ББС“ (BBC).

Велејќи дека чувствува загриженост од оваа ситуација, Гутерес рече: „Расте бројот на овие видови случаи и меѓународната заедница не треба да го дозволи тоа.“

Гутерес посака да се разјасни и обелодени случајот со Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) и рече: "Треба да се открие вистината, треба да се разјасни што точно се случило и кој сноси одговорност."

Нагласувајќи дека пред овие видови случаи треба да се изнајдат патишта "да може се полага сметка", генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес на прашањето на "ББС" дали доколку во позадината на случајот со Кашички (Кашоги) стои Саудиска Арабија ќе се оди или нема да се оди на конференцијата за инвестирање што ќе се одржи во Ријад, го даде следниот одговор: "Треба да се добие јасен одговор за тоа што се случило и владите треба да покажат реакција согласно тоа."

 



Слични вести