Двоен бомбашки напад во Сомалија: Загинаа 15 лица, а има голем број ранети

Во реализирани два едновремени бомбашки напади во градот Баидоа (Бајдабо) во југозападниот дел на Сомалија според првични информации заинаа 15 лица, а има и голем број ранети

1068227
Двоен бомбашки напад во Сомалија: Загинаа 15 лица, а има голем број ранети

Во градот Баидоа (Бајдабо) во југозападниот дел на Сомалија се реализирани два бомбашки напади во кои според првични информации заинаа 15 лица, а има и голем број ранети.

Цел  на првиот реализиран бомбашки напад во градот Баидоа (Бајдабо) со возило бомба беше хотелот Билан во кој често одат сомалиски политичари, а вториот бомбашки напад беше реализиран од страна на самоубиствен напаѓач на ресторанот ел-Бедри.

Според првични добиени информации во овие два едновремени бомбашки напади загинаа 15 лица, а голем број лица се ранети.

Одговорноста за бомбашките напади ја презеде терористчката организација Еш-Шебаб која реализира терористички напади врз хотели, владини институци и безбедносни сили во различни градови во Сомалија, а поготово во гавниот град Могадишу. 

 



Слични вести