Израелските војници повторно пукаа врз мирољубивите демонстранти: Загинаа 7 Палестинци

Израелските војници повторно отворија оган врз мирољубивите демонстранти на границата со Газа при што 7 Палестинци го загубија животот, а 154 беа ранети од кои 5 мина потешко

1068089
Израелските војници повторно пукаа врз мирољубивите демонстранти: Загинаа 7 Палестинци

Во отворен оган од страна на израелските војници врз учесниците на мирољубивите протести "Големиот марш за враќање" на границата со окупираната Газа, животот го загубија 7 мина Палестинци.

Портпаролот на палестинското министерство за здравство Ешреф ел-Кудра во објавеното писмено соопштение истакна дека освен 7 мина загинати Палестинци, во различни области на границата со Газа 154 Палестинци се ранети со вистински куршуми од кои 5 мина потешко, а воедно напомена дека меѓу ранетите има 50 деца и 10 жени.

Во меѓувреме израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман издаде директива за стопирање на набавката на гориво за Појасот Газа.

Либерман наведе дека додека продолжуваат настаните на границата со Газа не е можно Израел да прифати да се доставува гориво на Газа.

Израелскиот весник "Хаарец" минатата недела напиша дека е потпишан договор со Катар со којшто се предвидува финансирање на купувањето на гориво за електричната централа во Газа.

Инаку, Палестинците на границата на окупираниот Појас Газа со Израел од 30 март одржуваат мирољубиви протести под името "Големиот марш за враќање".

Израелските војници пак, пукаат со вистински куршуми врз цивилниот народ кој бара да се врати назад на териториите од коишто е протеран и да се укине незаконската блокада на Газа што се спроведува од 2006 година.

Во нападите на израелските војници од 30 март кога започнаа протестите, досега животот го загубија повеќе од 200 Палестинци.

 



Слични вести