Ураганот Мајк од бреговите на сојузната држава Флорида се движи кон внатрешните делови на САД

Ураганот Мајкл кој со брзина од 250 километри на час вчера пристигна на бреговите на Флорида како ураган од четврта категорија, напредува кон внатрешните делови на САД

1066457
Ураганот Мајк од бреговите на сојузната држава Флорида се движи кон внатрешните делови на САД

Во ураганот Мајкл кој ја погоди американската сојузна држава Флорида и за кој се вели дека е најсилниот во последните 100 години животот го загуби едно лице.

Мајкл кој со брзина од 250 километри на час вчера пристигна на бреговите на Флорида како ураган од четврта категорија, напредува кон внатрешните делови на САД.

Надлежни соопштија дека при уривање на едно дрво поради силниот ветар загинало едно лице.

Силниот ветар и поројниот дожд доведоа до рушење на покривите на куќите и работните места и до поплави, додека во Флорида приближно 290 илјади лица останаа без електрична струја. 

Мајкл како ураган во трета категорија пристигна во југозападните делови на сојузната држава Џорџија и југоисточните делови на сојузната држава Алабама, поради што и во двете сојузни држави беше прогласена „итна состојба“.

Како што се вели Мајкл е најсилниот ураган кој ја погодил Флорида во последните 100 години и кој по ураганот Ендрју во 1992 година ги погоди САД од копно. 

Ураганот Мајк во неделата од Карипското Море започна како тропска бура, а во понеделник се претвори во ураган. 

Во централноамериканските држави Хондурас, Никарагва и Ел Салвадор каде што ураганот Мајкл најпрвин беше забележан животот го загубија вкупно 13 лица.

 



Слични вести