Трамп: САД се во соработка со турските функционери по прашањето на саудискиот новинар Кашикчи

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека САД се во соработка со турските функционери по прашањето на колумнистот на „Вашингтон пост“ саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги)

1066334
Трамп: САД се во соработка со турските функционери по прашањето на саудискиот новинар Кашикчи

Американскиот претседател Доналд Трамп даде уште една изјава во врска со исчезнувањето на колумнистот на весникот „Вашингтон пост“ саудискиот државјанин и новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) кој на 2 октомври отиде во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул и оттогаш е изгубена секаква трага од него.

Трамп истакна дека САД се во соработка со турските функционери по прашањето саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги)

Велејќи дека по прашањето на Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) разговарал со висок саудиски лидер, Трамп рече: „Ова е мошне лоша ситуација.“

Тој подвлече дека очекуваат одговори од саудиските функционери.

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека прашањето со новинарот Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) претставува „мошне значајно прашање“ за нив и рече: „Свршеницата на Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) би сакал да ја видам во Белата куќа.“

Трамп нагласи дека во врска со исчезнувањето на Кашикчи (Кашоги) треба да се води сеопфатна и детална истрага, а воедно потсети дека саудискиот новинар е виден како влегува внатре во конзулатот, но не може да се докаже дека оттаму излегол.

Подвлекувајќи дека во врска со исчезнувањето на Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) САД се во блиска соработка со Турција, Трамп додаде дека ќе одат да крај по ова прашање.“

 



Слични вести