Предупредување од ФАО: 5,5 милиони Сиријци се наоѓаат под закана од глад

Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО) предупреди дека 5,5 милиони Сиријци се наоѓаат под закана од глад

1066020
Предупредување од ФАО: 5,5 милиони Сиријци се наоѓаат под закана од глад

Во објавеното писмено соопштение од Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО) се истакнува дека судирите во Сирија кои што продолжуваат уште од 2011 година и неповолните временски услови доведоа до драстичен пад на производството на житарици во оваа земја.

Во соопштението се вели следното: „Годинашното производство на пченица опадна на 1,2 милиони тони што претставува најниско ниво во последните 29 години. Оваа количина во 2017 година изнесуваше на ниво од околу две третини. Според Мисијата за проценка на јачменот и безбедноста на храна која се води од страна на ФАО и Светската програма за храна (ВФП), оваа состојба произлегува од долгите сушни времиња во периодот на рана жетва и од обилните врнежи од дожд кои што следеа потоа.“ 

Нагласувајќи дека на земјоделскиот сектор му наштетија и судирите во Сирија, ФАО привлече внимание кон тоа дека илјадници сириски земјоделци беа приморени да ги напуштат своите домови и да се раселат и дека се доживува драстичен пораст во земјоделските трошоци.

Во соопштението се додава следното: „Се претпоставува дека 5,5 милиони Сиријци се наоѓаат под закана од глад и имаат потреба од помош од овој вид на храна. Оваа бројка е за приближно 20 насто пониска во споредба со минатата година. Како додаток на ова постои можност да се наоѓаат под закана од глад некаде околу 500 илјади до 800 илјади лица и во Идлиб.“  

Во истото соопштение се нагласува дека цените на храната во Сирија се за 7 пати поскапи со оние од пред кризата и се додава дека со процентот на невработеност кој што достигнува дури до 60 насто куповната моќ на семејствата е многу ниска и се ограничуваат капацитетите на обезбедување на основните потреби од храна на народот.

 



Слични вести