Либанскиот премиер Саад Харири: Новата влада ќе се формира во рок од десет дена

Либанскиот премиер Саад Харири истакна дека новата влада ќе се формира во рок од десет дена и дека доколку биде несупешен нема повторно да ја прифати оваа должност

1065582
Либанскиот премиер Саад Харири: Новата влада ќе се формира во рок од десет дена

Либанскиот премиер Саад Харири изјави дека новата влада ќе се формира во рок од десет дена и дека доколку биде неуспешен во тоа нема повторно да ја прифати должноста.

Според објавеното писмено соопштение од прес-канцеларијата на Харири, на состанокот на пратеничката група на својата партија во главниот град Бејрут истакна дека новата влада ќе се формира во рок од десет дена.

Укажувајќи на тоа дека состојбата во која се наоѓа земјата и економската состојба ја налага потребата од забрзување на процесот за формирање на новата влада, Харири рече дека работите за составување на владиниот кабинет ги води во правец на формирање на влада на национален компромис.

Харири нагласи дека доколку биде несупешен во формирањето на новата влада  нема повторно да ја прифати оваа должност, а воедно привлече внимание дека денешните услови во коишто се наоѓа земјата се различни од оние во 2009 година кога ја формира својата прва влада.

Либанскиот премиер Саад Харири во изјавата што ја даде на 4 октомври рече дека е сигурен во тоа оти новата влада ќе ја формира во рок од десет дена.

Предупредувајќи дека за економијата на земјата „бијат камбаните за опасност“, Харири истакна дека е подготвен за татковината да се откаже од неколку министерства и ги повика сите политички партии да покажат самопожртвуваност за државата.

Либанскиот претседател Мишел Авн по одржаните општи избори на 6 мај на 24 мај должноста за составување на новата влада му ја довери на актуелниот премиер Саад Харири.

Меѓутоа поради недоразбирањата кои што се доживуваат меѓу политичките страни, на чело со поделбата на министерствата од 24 мај досега се уште не може да се формира новата влада во Либан.

 



Слични вести