Пакистан успешно ја тестираше ракетата со долг дострел „Гаури“

Ракетата со дострел од 1300 км ќе го зајакне нуклеарниот капацитет на пакистан и ќе има улога на одвраќање против сите оние кои се насочени кон пореметување на регионалната стабилност

1065049
Пакистан успешно ја тестираше ракетата со долг дострел „Гаури“

Пакистан соопшти дека успешно помина првиот тест на ракетата со долг дострел „Гаури“

Според соопштението кое беше објавено од страна на Одделот за односи со јавноста на Пакистанските вооружени сили, успешно помина тестот на ракетниот систем кој може да носи конвенционална и нуклеарна боева глава.

Во соопштението беше истакнато дека ракетата со дострел од 1300 км ќе го зајакне нуклеарниот капацитет на земјата и ќе има улога на одвраќање против сите оние кои се насочени кон пореметување на регионалната стабилност.

По успешното тестирање на ракетниот систем, пакистанскиот претседател Ариф Алви, премиерот Имран Хак и началникот на генералштабот Зубејр Махмуд Хајат им честитаа на надлежните.



Слични вести