Израелските војници притворија 7 мина Палестинци на окупираниот Западен Брег

Во објавеното писмено соопштение од израелската армија се тврди дека притворените лица во реализираните синоќешни операции во различни области на Западниот брег „биле замешани во терористички акции“

1065149
Израелските војници притворија 7 мина Палестинци на окупираниот Западен Брег

Израелските војници притворија 7 мина Палестинци на окупираниот Западен Брег.

Во објавеното писмено соопштение од израелската армија се тврди дека притворените лица во реализираните синоќешни операции во различни области на Западниот брег „биле замешани во терористички акции“.

Освен тоа во соопштението се вели дека притворените Палестинци биле испратени во центарот за притвор во областа каде што ќе бидат сослушани.

Израелските сили кои често реализираат упади во куќите на окупираниот Западен Брег и во Источен Ерусалим, ги притвораат Палестинците со изнесување на различни изговори.

Според официјални палестински извори во израелските затвори се наоѓаат приближно 6.500 Палестинци.



Слични вести