Жаир Балсамо победник на првиот круг на претседателските избори во Бразил

Бидејќи ниту еден од двајцата кандидати не освои потребно мнозинство од над 50 насто, на 28 октомври ќе се одржи вториот круг на гласање

1064390
Жаир Балсамо победник на првиот круг на претседателските избори во Бразил

На вчерашниот прв круг на гласање за избор на новиот претседател на Бразил победи екстремно-десничарскиот кандидат Жаир Болсонаро.

46 насто од гласовите на изборите на кои повеќето се избројани ги освои Болсонаро, додека најсиллниот противник Фернандо Хадад освои 29 насто.

Болсонаро освои 49 милиони, Хадад 31 милион гласови.

Бидејќи ниту еден од двајцата кандидати не освои потребно мнозинство од над 50 насто, на 28 октомври ќе се одржи вториот круг на гласање.

На вчерашните избори беа избрани гувернерите, сенаторите и членовите на претставничкиот дом.

Болсонаро во минатото беше капетан во армијата на Бразил. Неговите остри реторики во врска со борбата против корупцијата и злосторствата предизвикаа да стане еден од најпопуларните кандидати на изборните анкети.



Слични вести