Заврши процесот на повлекување на тешкото оружје на вооружените опозиционери во сириски Идлиб

Вооружените опозиционери и антирежимските сили го повлекоа своето тешко оружје од просторот кој ги опфаќа областите на градот Идлиб и неговата околина во Сирија и кој ја сочинува фронтовата линија со режимските сили и силите поддржани од Иран

1064667
Заврши процесот на повлекување на тешкото оружје на вооружените опозиционери во сириски Идлиб

Заврши процесот на повлекување на тешкото оружје од линијата на демилитаризација во областа за намалување на затегнатоста во подрачјето на градот Идлиб во Сирија, а во рамките на постигнатиот компромис помеѓу Турција и Русија.

Вооружените опозиционери и антирежимските сили го повлекоа своето тешко оружје од просторот кој што се нарекува „зона за намалување на затегнатоста во Идлиб“, кој ги опфаќа областите на градот Идлиб и неговата околина во Сирија и кој ја сочинува фронтовата линија со режимските сили и силите поддржани од Иран.  

Во тие рамки, групите поврзани со Слободната сириска армија (ССА) и антирежимските вооружени групи ги повлекоа од демилитаризираната зона за која станува збор хаубиците, топовите, тенковите, рампите за ракетите Град и ракетните рамнпи од среден дострел, од местата кои што граничат со режимските сили на Бешар Асад.

По доставениот предлог од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на одржаниот самит во Техеран на 7 септември, претседателот Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин на 17 септември во Сочи постигнаа договор за зачувување на прекинот на огнот и за преземање на дополнителни мерки за негово зајакнување. 

Постигнатиот компромис предвидува до 15 октомври да се формира демилитаризирана зона на линијата од 15 до 20 километри и контролата да се реализира од страна на турски и руски војници.

Вооружените опозиционери, Хејет Тахрир ел-Шам, режимските војници и нивните поддржувачи странските терористички групи треба да го повлечат своето тешко оружје од демилитаризираната зона во должина на фронтовата линија чија длабочина ќе биде определена согласно географските услови.

Страните кои ќе го повлечат своето тешко оружје од подрачјето, границите на местата коишто ги контролираат ќе продолжат да ги бранат самите.

Гаранторските земји Турција и Русија, ќе реализираат коордиирани патролирања во демилитаризираната зона за која што се одговорни.

 



Слични вести