Во експлозии во различни делови на ирачкиот главен град Багдад загинаа 4 лица, а 7 лица се ранети

Во експлозии во различни делови на главниот град на Ирак, Багдад. загинаа 4 лица од кои еден војник, а 7 лица меѓу кои има и војници се ранети

1064298
Во експлозии во различни делови на ирачкиот главен град Багдад загинаа 4 лица, а 7 лица се ранети

Во експлозии до кои што дојде во различни делови на главниот град на Ирак Багдад загинаа 4 лица од кои еден војник, а 7 лица се ранети.

Потпоручникот Хатим ел-Џабири, од Управата на полицијата во Багдад изјави дека при експлозија на бомба на еден безбедносен пункт во градчето Ебу Гариб на 25 километри западно од главниот град Багдад загина еден војник, а двајца војници беа ранети. 

На сличен начин и во експлозија во областа Џукук во северниот дел на главниот град загина едно лице, а едно лице е рането. 

Од друга страна при експлозија на бомба поставена во едно возило за градски превоз во северниот дел на Багдад беа ранети двајца цивили. 

Потпоручникот Хатим ел-Џабири истакна дека експлозиите се реализирани од страна на терористичката организација ДЕАШ и дека организацијата која претрпе тежок пораз во Ирак се обидува со реализација на терористички акции од овој вид да покаже дека сеуште го продолжува своето присуство.

И покрај тоа што ирачкиот премиер Хајдар ел-Ибади во декември 2017 година прогласи дека заврши военото присуство на терористичката организација ДЕАШ во земјата, оваа терористичка организација со посредство на своите ќелии кои мируваат особено во областите кои што претходно ги држеше под контрола, повремено продолжува да реализира терористички напади.

 



Слични вести