Страотна сообраќајна несреќа во Њујорк, САД: 20 загинати

Полицијата во сојузната држава Њујорк соопшти дека во градот Скохери се судриле минибус и лимузин во кој се наоѓале 18 лица кои славеле роденден и дека притоа во несреќата загинале 20 лица

1064613
Страотна сообраќајна несреќа во Њујорк, САД: 20 загинати

Во сообраќајна несреќа во сојузната држава Њујорк во САД животот го загубија 20 лица.

Полицијата во сојузната држава Њујорк соопшти дека во градот Скохери се судриле минибус и лимузин во кој се наоѓале 18 лица кои славеле роденден.

Полициски функционери истакнаа дека во страотната несреќа животот го загубиле 20 лица од кои 18 лица се наоѓале во лимузината.

Еден од очевидците на несреќата тврдеше дека лимузината по удолнина се движела со брзина од над 100 километри на час, додека друг очевидец рече дека несреќата беше „страотна“ и дека не сака да зборува повеќе.

Полициски функционери истакнаа дека истрагата во врска со несреќата е во тек и дека засега не е установено како се случила несреќата.



Слични вести