Шефот на Интерпол Менг Хонгвеј поднесе оставка

Менг поради сомнение дека ги прекршил законите во рамките на минатомесечната посета на Кина, беше изложен на истрага

1064119
Шефот на Интерпол Менг Хонгвеј поднесе оставка

Информацијата за оставката на Хонгвеј беше објавена од страна на ИНТЕРПОЛ.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Генералниот секретаријат беше истакнато дека на 7 октомври Генералниот секретаријат со седиште во Лион веднаш ја прифати оставката на претседателот на Менг Хонгвеј која веднаш ќе ја спроведе.

Во соопштението беше истакнато дека согласно правилата на ИНТЕРПОЛ, додека да се утврди новиот претседател, должноста привремен вршител на должноста претседател на ИНТЕРПОЛ ја презеде Јужнокореецот Ким Јон Јанг во својство на најстар член на Извршниот одбор, додека изборот на новиот претседател ќе се одржи на Генералното заседание од 18 до 21 ноември во Обединетите Арапски Емирати.

Менг поради сомнение дека ги прекршил законите во рамките на минатомесечната посета на Кина, беше изложен на истрага.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Централната дисциплинска и комисија за контрола на Комунистичката партија на Кина, заемник министерот за јавна безбедност на Кина и шефот на Меѓународната полициска организација (ИНТЕРПОЛ) Менг Хонгвеј, поради сомнение дека ги прекршиле законите беа изложени на истрага.

Во соопштението кое на 5 октомври беше објавено од страна на Интерпол беше истакнато дека минатиот месец Менг исчезнал додека од Франција заминал за Кина и дека немало никакви информации.

Веста за исчезнувањето на Менг беше објавена по пријавата што ја поднесе сопругата во петокот до полицијата во Лион, каде што се наоѓа седиштето на ИНТЕРПОЛ.

Менг за претседател на Интерпол беше избран во ноември 2016.



Слични вести