Бројот на загинатите во земјотресот на Хаити се зголеми на 12 лица

Според објавеното соопштение од Управата за цивилна одбрана, заедно со уште двајцата загинати лица бројот на жртвите во земјотресот се зголеми на 12 лица, во градот Порт-де-Паикс се повредени 152 лица, а во градот Грос-Морн 30 лица

1064276
Бројот на загинатите во земјотресот на Хаити се зголеми на 12 лица

Бројот на загинатите во земјотресот што ја погоди вчера карипската држава Хаити се зголеми на 12 лица.

Според објавеното соопштение од Управата за цивилна одбрана, заедно со уште двајцата загинати лица бројот на жртвите во земјотресот се зголеми на 12 лица.

Во градот Порт-де-Паикс се повредени 152 лица, а во градот Грос-Морн 30 лица.

Во градовите Порт-де-Паикс, Грос-Морн, Шансолм и на островот Туртл се оштетени голем број згради.

Како што се наведува биле оштетени голем број згради во Порт-де-Паикс, Грос Морн, Шансолм и на островот Туртл.

Американскиот Центар за геолошки истражувања (УСГС) соопшти дека земјотресот со јачина од 5,9 степени со епицентар на 19 километри северозападно од градот Порт-де-Паикс се случил на длабочина од 11,7 километри под површината на земјата.

 



Слични вести