Бројот на настраданите во земјотресот и брановите цунами во Индонезија се искачи на 1.944 лица

Според последни добиени информации бројот на настраданите во земјотресот и брановите цунами коишто на 28 септември го погодија индонезискиот остров Сулавеси се зголеми на 1.944 лица

1064076
Бројот на настраданите во земјотресот и брановите цунами во Индонезија се искачи на 1.944 лица
endonezya.jpg
endonezya tsunami palu
endonezya.JPG
endonezya.JPG
endonezya'daki deprem.jpg

Претседателот за комуникација на воената команда на централно Сулавеси на Индонезија Мух Тохир истакна дека во земјотресот и брановите цунами на 28 септември до моментов животот го загубија 1.944 лица.

Тохир рече дека активностите за пребарување и спасување продолжуваат.

Портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи (БНПБ) Сутопо Пурво Нугрохо исто така информира дека повеќе од 2.600 повредени се наоѓаат на лекување во болници.

Тој воедно напомена дека биле оштетени приближно 67.000 куќи и 3.000 училишта и дека приближно 63.000 лица се сместени во шатори.

Како што се наведува во брановите цунами и земјотресот досега е причинета штета во износ од 658 милиони долари.

Во активностите за пребарување и спасување во градовите Палу и Донгала учествуваат повеќе од 7.000  полицајци и војници.

 



Слични вести