Започна повлекувањето на тешкото оружје од фронтовата линија во подрачјето на Идлиб во Сирија

Вооружените опозиционери во правец на постигнатиот компромис помеѓу Турција и Русија во Сочи почнаа да го повлекуваат тешкото оружје од фронтовата линија во подрачјето на градот Идлиб во Сирија

1063947
Започна повлекувањето на тешкото оружје од фронтовата линија во подрачјето на Идлиб во Сирија

Во рамките на постигнатиот компромис помеѓу Турција и Русија во Сочи, вооружените сириски позиционери го повлекуваат тешкото оружје од фронтовата линија во подрачјето на градот Идлиб во Сирија.

Наџи Мустафа, портпаролот на Фронтот за национално ослободување на Сирија (ФЛН) инаку една од компонентите на Слободната сириска армија (ССА), истакна дека вооружените опозиционери во правец на постигнатиот компромис во Сочи почнаа да го повлекуваат тешкото оружје од фронтовата линија во подрачјето на Идлиб.

Велејќи дека против евнтуалните напади на режимот на Бешар Асад ќе остане лесното оружје на фронтовата линија и дека работите се копање на канали и ровови ќе продолжт, Наџи Мустафа рече: „Повлекувањето на тешкото оружје се реализира во координација со турските функционери.“

По доставениот предлог од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на одржаниот самит во Техеран на 7 септември, претседателот Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин на 17 септември во Сочи постигнаа договор за зачувување на прекинот на огнот и за преземање на дополнителни мерки за негово зацврстување. 

Постигнатиот компромис предвидува до 15 октомври да се формира демилитаризирана зона на линијата од 15 до 20 километри и контролата да се реализира од страна на турски и руски војници.

Вооружените опозиционери, Хејет Тахрир Шам, режимските војници и нивните поддржувачи странските терористички групи во должина на фронтовата линија да го повлечат своето тешко оружје од демилитаризираната зона чија длабочина ќе биде определена согласно географските услови.

Страните кои ќе го повлечат своето тешко оружје од подрачјето границите на местата кои што ги контролираат ќе продолжат да ги бранат самите.

Гаранторските земји Турција и Русија, ќе реализираат коордиирани патролирања во демилитаризираната зона за која што се одговорни.

 



Слични вести