Бројот на настраданите во земјотресот и брановите цунами во Индонезија се искачи на 1.648 лица

Координаторот на министерството за безбедност и правда на Индонезија Виранто исакна дека бројот на загинатте во земјотресот и брановите цунами се искачи на 1.648 лица, а 2.549 лица се повредени

1063697
Бројот на настраданите во земјотресот и брановите цунами во Индонезија се искачи на 1.648 лица

Бројот на жртвите во силниот земјотрес и брановите цунами коишто го погдија осровот Сулавеси во Иднонезија се зголеми на 1.648 лица.

Координаторот на министерството за безбедност и правда на Индонезија Виранто исакна дека бројот на загинатите во земјотресот и брановите цунами до кои дојде изминатиот петок се искачи на 1.648 лица, а 2.549 лица се повредени.

Повредените беа префрлени на лекување во болници.

Виранто напомена дека воедно 652 лица се водат како исчезнати и дека е установено оти во Палу и Донгала се наоѓаат затрупани под рушевините.

Во моѓувреме, и портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи (БНПБ) Сутопо Пурво Нугрохо вчера истакна дека и во околните села можеби се наоѓаат затрупани под рушевините илјада лица. 

Пурво рече дека досега се закопани мртвите тела на 1.551 лице.

Како што се истакнува, во погоденото подрачје 70.812 лица биле приморани да ги напуштат своите домови, 2.736 училишта биле оштетени и де

Во катастрофалното подрачје ќе бидат изградени привремени училници за продолжување на наставата на повеќе од 100 илјади ученици.

Во подрачјето имаат потреба од итна помош 199 илјада загрозени лица од природната катастрофа и за нив дневно се потебни 571 илјада тони вода.

Како што се вели брановите цунами и силниот земјотрес досега причиниле штета од околу 658 милиони долари.

Во активностите за пребарување и спасување во градовите Палу и Донгала кои беа најмногу погодени од природната катастрофа учествуваат повеќе од 7 илјади полицајци и војници.

 



Слични вести