Меркел: „Иранските сили треба да се повлечат од Сирија“

Треба да се направи сѐ што е потребно за Иран да не се стекне со нуклеарно оружје

1063031
Меркел: „Иранските сили треба да се повлечат од Сирија“

Германската канцеларка Ангела Меркел во рамките на официјалната посета на Израел одржа средба со изарелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Владината канцеларија во Западен Ерусалим, По средбата Меркел одржа прес конференција.

Меркел изјави дека сакаат регион без присуството на Иран.

Треба да се направи сѐ што е потребно за Иран да не се стекне со нуклеарно оружје. ВО врска со тоа прашање се согласуваме со Израел. На ист начин разменивме мислења и со рускиот претседател Владимир Путин и разменивме мислења в врска со присуството на Иран во Сирија. Ние сакаме Иран да се повлече од Сирија, рече Меркел.

Во освртот на еврејските населени места во Израел рече дека најдобро решение на судирите е постигнување решение кое ќе се заснова на формирање на бизонална држава, поради што ја изнесов загриженоста во врска со политиките за изградба на еврејски населени места.

Во врска со еврејството на државата, Меркел рече дека го поддржуваат тоа, но исто така го изнесуваме и ставот дека и малцинствата имаат права.



Слични вести