Матис: Неподносливо е руското прекршување на Договорот за нуклеарни сили од среден дострел

Русија не го почитува наведениот договор и дојде време да го почитува

1062710
Матис: Неподносливо е руското прекршување на Договорот за нуклеарни сили од среден дострел

Американскиот државен секретар за одбрана Џејмс Матис рече дека неподносливо е руското прекршување на Договорот за нуклеарни сили од среден дострел поради што САД ќе треба да одговори на тоа.

Матис на прес конференцијата по состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во седиштето во Брисел одговараше на прашањата на новинарите

Матис рече дека Русија мора да го почитува Договорот за нуклеарни сили од среден дострел, во спротивно САД ќе бидат принудени да одговорат на тоа. Русија не го почитува наведениот договор и дојде време да го почитува, предупреди Матис.

Генералниот секретар на ОН Јенс Столтенберг во вчерашната изјава за печатот рече дека прекршувањето на Договорот за нуклеарни сили од среден дострел претставува сериозен проблем. Затоа ја повикуваме Русија сериозно и транспаретно да го почитува договорот, поради што ја обвини Москва.



Слични вести