Испратени пликови со отровна супстанца рицин до Пентагон

Портпаролот на Пентагон полковник Роб Менинг истакна дека за време на скенирање на пратките во центарот за далечинско скенирање биле утврдена сомнителна супстанција и пратките утрово од страна на Федералното истражно биро ФБИ биле однесени на анализа

1061247
Испратени пликови со отровна супстанца рицин до Пентагон

Како што се истакнува до американскиот секретаријат за одбрана (Пентагон) биле испратени пликови со отровна супстанца рицин.

Портпаролот на Пентагон полковник Роб Менинг во објавеното писмено соопштение го истакна следното: „Агенцијата за заштита на силите на Пентагон во понеделникот за време на скенирање на пратките во центарот за далечинско скенирање утврди сомнителна супстанција. Пликовите утрово од страна на Федералното истражно биро ФБИ беа однесени на анализа.“

Полковник Менинг освен тоа напомена дека вчера сите пратки кои што преку службата за пошта на САД пристигнале во Пентагон биле ставени под карантин.

Еден висок функционер на Пентагон пак истакна дека станува збор за две пратки кои што содржат сомнителна супстанција и рече: „Според првите извршени тестови пратките дадоа позитивен резултат за отровна супстанца рицин.“
 



Слични вести