Во септември во Ирак животот го загубија 75 цивили, а 179 цивили се ранети

Во извештајот објавен од страна на Мисијата на Обединетите нации за помош на Ирак (УНАМИ) се истакнува дека поради тероризмот, насилствата и вооружените судири во месец септември во Ирак животот го загубија 75 цивили, а 179 цивили се ранети

1060644
Во септември во Ирак животот го загубија 75 цивили, а 179 цивили се ранети

Поради тероризмот, насилствата и вооружените судири минатиот месец (септември, 2018) во Ирак животот го загубија 75 цивили, а 179 цивили се ранети.

Во извештајот објавен од страна на Мисијата на Обединетите нации за помош на Ирак (УНАМИ) се истакнува дека поради тероризмот, насилствата и вооружените судири во месец септември во Ирак животот го загубија 75 цивили, а 179 цивили се ранети. 

Во извештајот се вели дека најмногу цивилни загуби биле доживеани во главниот град Багдад и во Анбар и Салахадин, така да во септември во главниот град Багдад загинале 37 цивили, во Анбар 15, а во Салахадин 9.

Во тероризмот, насилствата и судирите во месец август пак во Ирак животот го загубија 90 цивили, а 117 цивили беа ранети.

Инаку, од окупацијата од страна на САД во 2003 година наваму во Ирак речиси секојдневно се доживуваат насилства кои што се сериозно интензивирани особено по појавата на терористичката организација ДЕАШ во оваа земја.

Терористичката организација ДЕАШ на 10 јуни 2014 година најпрвин го зазеде подрачјето на градот Мосул, а потоа подрачјата и на градовите Салахадин и Анбар, по што ирачките безбедносни сили со поддршка и на меѓународната коалиција во 2017 година во голема мерка ја воспоставија контролата во овие градови.

Ирачкиот премиер Хајдар ел-Ибади во декември 2017 година соопшти дека е ставено крај на военото присуство на терористичката организација ДЕАШ.

Меѓутоа, терористите членови на ДЕАШ продолжуваат да реализираат напади против безбедносните сили и цивилите особено во руралните подрачја и ноќе.

 



Слични вести