Столтенберг информираше за состанокот на министрите за одбрана на НАТО на 3 и 4 октомври во Брисел

Генералниот секретар на НАТО Јесн Столтенберг даде изјава за претставниците на печатот во врска со состанокот на министрите за одбрана на Сојузот на 3 и 4 октомври во белгискиот главен град Брисел

1060945
Столтенберг информираше за состанокот на министрите за одбрана на НАТО на 3 и 4 октомври во Брисел

Министрите за одбрана на 29 земји членки на НАТО на 3 и 4 октомври ќе се состанат во главниот град на Белгија, Брисел.

Генералниот секретар на НАТО Јесн Столтенберг даде изјава за претставниците на печатот во врска со состанокот на кој Турција ќе ја претставува министерот за национална одбрана Хулуси Акар и притоа истакна дека министрите за одбрана на членките ќе разговараат за тоа како ќе се постигне напредок во донесените одлуки на остварениот самит во Брисел во јули.

Велејќи дека едната од главните точки на дневниот ред ќе биде „споделбата на товарот“, Столтенберг напомена дека ова прашање не може да се сведе само на одбранбените трошоци и рече: „Меѓутоа, сојузниците се едногласни по прашањето на тоа дека постои чувство на нова итност во однос на одделување-трошење на 2 отсто од бруто домашниот производ, за одбраната.“

Столтенберг потсети дека европските сојузници и Канада особено минатата година во вкупен износ ги зголемија за 2 отсто своите буџети за одбрана и додаде дека се очекува сите членки да ги исполнат своите одговорности и да продолжуваат да бележат напредок по ова прашање.

Велејќи дека министрите за одбрана истовремено ќе разговараат и за силата на одбрана и одвраќање на Сојузот, Столтенберг  соопшти дека во тие рамки ќе се состане Групата за нуклеарно планирање.

Тој напомена дека на одделна седница ќе се разгледа и процесот на адаптација на НАТО против заканите од конвенционални, хибридни и кибер напади.

Укажувајќи на тоа дека Русија како што рече „не ги исполнува своите меѓународни ветувања“ и на вознемиреноста кај Сојузот поради тоа, Столтенберг наведе дека активностите на управата во Москва го става во опасност Договорот за нуклерани сили со среден дострел (INF).

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг соопшти дека на состанокот ќе се разговара и за прашања посветени на нестабилностите во Северна Африка и на Блискиот исток. 

Во тие рамки, Тој  потсети дека се применуваат пакети за помош за Јордан и Тунис, а воедно ја сподели и информацијата дека успешно продолжуваат подготовките во правец на новата мисија за обука што ќе биде започната во Ирак.

Истакнувајќи дека министрите за одбрана ќе бидат информирани во врска со адаптацијата кон командната структура на НАТО, Столтенберг напомена дека во тие рамки ќе биде поставена на дневен ред воената вежба „Trident Juncture“ којашто ќе се реализира во Норвешка. 

Столтенберг подвлече дека на воената вежба која е само „со одбранбена цел“ ќе учествуваат приближно 45 илјади учеснииц и 150 авиони, 60 бродови и над 10 илјади возила од 31 земја.

Потсетувајќи дека состанокот на министрите за одбрана истовремено има за цел да ги зајакне односите на НАТО со своите партнери, Столтенберг напомена дека во тие рамки ќе биде оставрена средба и со Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворшени работи и социјална политика Федерика Могерини.  

Јенс Столтенберг додаде дека истовремено ќе се состане и Комисијата меѓу НАТО и Грузија.

Осврнувајќи се и на консултативниот референдум што се одржа во неделата за изнаоѓање решение за проблемот за спорот со името на Македонија и Грција, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го нагласи следното: „НАТО е спремен да и каже 'добредојде' на својата 30-сета членка. Меѓутоа за да се оствари тоа треба да се применува договорот за името. За членството на Македонија во НАТО не постои друга опција.“

 



Слични вести