Иранската револуционерна гарда изврши ракетан напад на позициите на ДЕАШ кај Деир ез-Зор во Сирија

Според веста на иранската државна телевизија, во реализираниот напад од страна на револуционерната гарда беше погодено населеното место Елбу Кемал кај градот Деир ез-Зор

1059940
Иранската револуционерна гарда изврши ракетан напад на позициите на ДЕАШ кај Деир ез-Зор во Сирија

Иранската револуционерна гарда изврши ракетан напад на Сирија.

Според веста на иранската државна телевизија, во реализираниот напад од страна на револуционерната гарда беше погодено населеното место Елбу Кемал кај градот Деир ез-Зор.

Во веста не беа дадени информации колку ракети биле истрелани и се истакнува дека нападот е реализиран врз позициите на ДЕАШ како одмазда за ирвшениот напад во градот Ахваз за време на воената парада.  

Според веста на иранската новинска агенција Фарс, балистичките ракети кои биле истрелани во 02 часот по локално време од градот Керманшах во западниот дел на Иран биле од типот „Зулфикар“ со дострел од 750 километри и „Кијам“ со дострел од 800 километри. 

Инаку, во реализираниот вооружен терористички напад на 22 септември во градот Ахваз во провинцијата Хузистан во југоисточниот дел на Иран, за време на една воена парада по повод одбележувањето на 38-годишнината од иранско-ирачката војна, животот го загубија 25 лица, а 65 лица беа ранети.

 



Слични вести