Иранската армија изврши топовско гранатирање на северот на Ирак
Демократската партија на Ќурдистан во Иран (ИКДП ) соопшти дека топовските единици на иранската армија ги гранатирале камповите на партијата на планините Сакар и Бербизин кај градчето Сидекан во пограничната област помеѓу градот Ербил и Иран

Иранската армија ги гранатираше со топовски оган планинските предели кај градчето Сидекан во близина на градот Ербил на териториите на Регионалната курдска управа во северниот дел на Ирак.
Во објавеното соопштение од Демократската партија на Ќурдистан во Иран (ИКДП ) се истакнува дека топовските единици на иранската армија ги гранатирале камповите на партијата на планините Сакар и Бербизин кај градчето Сидекан во пограничната област помеѓу градот Ербил и Иран.
Во соопштението се вели дека во топовското гранатирање немало човечки загуби.
Инаку, иранските сили реализираа напад на камп на Демократската партија на Ќурдистан во Иран (ИКДП) која делува во градот Ербил, и на 8 септември и притоа во овој напад загинаа 16 лица меѓу кои се наоѓале и лица од водечкиот кадар на ИКДП, а приближно 40 лица беа ранети.
Демократската партија на Ќурдистан во Иран (ИКДП) од страна на Иран се оценува за терористичка организација и оваа партија по повлекувањето од териториите на Иран од 1991 година наваму е сместена и делува во кампови кои што и се дадени од страна на Демократската партија на Ќурдистан во Ирак (КДП) и Патриотската унија на Ќурдистан во Ирак.