Земјотрес и цунами на индонезискиот остров Сулавеси: Има голем број загинатите и повредени

Според првичните информации кои што пристигнуваат од погоденото подрачје во земјотресот и цунамито до кое дошло потоа има голем број загинати и повредени

1058979
Земјотрес и цунами на индонезискиот остров Сулавеси:  Има голем број загинатите и повредени

Во земјотресот со јачина од 7,7 степени што го погоди индонезискиот остров Сулавеси и џиновските бранови цунами до кои дојде потоа според првичните информации животот го загубија 384 лица, а голем број лица се повредени.

Портпаролот на Управата на меѓународната агенција за непогоди (БНПБ) Пурво Нугрохо истакна дека информациите во врска со човечките загуби и повредените во земјотресот што ја погоди провинцијата Централно Сулавеси се однесуваат само на Палу, главниот град на провинцијата.

Нугрохо рече дека засега не може да се дојде до информации од областа Донгала и дека се стравува од зголемување на бројот на загинатите.

Велејќи дека поради прекинот на електричната енергија и интернетот во погоденото подрачје се доживува пробмел и во комуникацијата, Нугрохо напомена дека екипата за пребарување и спасување составена од 1.400 лица ги продолжува активностите во подрачјето.

По земјотресот со јачина од 7,7 степени на длабочина од 10 километри под површината на земјата, на 27 километри североисточно од областа Донгала, градовите Донгала и Пауло беа погодени со џиновски бранови цунами во висина од 3 метри.

На крајот на јули и во август исто така дојде до земјотреси на островот Ломбок со јачина од 6,3 6,9 и 7 степени во кои беа погодени повеќе од 450 илјади лица и животот го загубија 563 лица.

Во Индонезија која се наоѓа на трусно подрачје познато како „Пацифички огнен прстен и вулканско подрачје“ на 26 декември 20014 година исто така беше погодена од силен земјотрес со јачина од 9,1 степен по што дојде и до џиновски бранови цунами и во оваа каастрофа на еден широк простор кој што ги офаќаше и другите околни земји животот го загубија дури 230 илјади лица.



Слични вести