Махмуд Абас пред Генералното Собрание на ОН се обрати со зборовите: Ерусалим не е на продажба

Палестинскиот претседател Махмуд Абас пред Генералното Собрание на ОН во Њујорк се обрати со зборовите: Ерусалим не е на продажба и правата на палестинскиот народ не можат да се доведат во средство за пазарење

1058286
Махмуд Абас пред Генералното Собрание на ОН се обрати со зборовите: Ерусалим не е на продажба

Палестинскиот претседател Махмуд Абас во говорот што го одржа на 73-тото заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) кое продолжува во Њујорк изнесе остри изјави кои што освен кон Израел беа насочени и кон управата на САД.

Абас го осуди усвојувањето на Законот за еврејска национална држава кој што во јули беше изгласан со мошне мала разлика гласови во израелскиот Парламент, Кнесетот, и напомена дека овој закон ќе ја озакони дискриминацијата против Палестинците кои се израелски граѓани и кои сочинуваат 20-насто од населението во Израел.

Велејќи дека Законот за еврејска национална држава е расистички закон и ја елиминира можноста за можно решение со две држави, Махмуд Абас рече: „Овој закон кој е во спротивност со меѓународното право ги надмина сите црвени линии и ќе стане повод за формирање на расистичка држава.“ 

Абас голем дел од својот говор го оддели за критики насочени кон управата на САД и истакна дека додека со трпение се очекуваше мировната иницијатива управата во Вашингтон и покрај нејзината улога и ветувањата во процесот фрли потпис на контрадикторни одлуки и акции.

Абас притоа побара од управата на САД освен одлуката со која го призна Ерусалим за главен град на Израел да ги преразгледа и поништи и своите одлуки за стопирање на финансиската помош за Палестинците и за незаконските еврејски населби, по што рече: „Овие видови одлуки го поткопуваат решението со две држави.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас потсети дека Вашингтонската управа стои премногу на страната на Израел и дека нема да се прифати САД да бидат единствени посредници во палестинско-израелскиот проблем. 

Абас продолжи со следните зборови: „Ерусалим не е на продажба. Правата на палестинскиот народ не можат да се доведат во средство за пазарење.“

Тој истакна дека патот за воспоставување на мирот во регионот поминува од формирање на независна држава Палестина со главен град Источен Ерусалим.  

Подвлекувајќи дека палестинскиот народ кој во овој процес даде доста голем број жртви ќе продолжи да верува во мирот, палестинскиот претседател Махмуд Абас рече: „Не сме против преговори и никогаш не го одбивме предлогот за преговори. Ќе продолжиме да ја подаваме нашата рака, за воспоставување на мир.“

 



Слични вести