Средба на шефовите на дипломатиите на Азербејџан и Ерменија, Мемедјаров и Мнатсаканјан, во Њујорк

Во Њујорк, САД се одржа средба помеѓу Азербејџанскиот министер за надворешни работи Елмар Мемедјаров и ерменскиот министер за надворешни работи Зохраб Мнатсаканјан

1058108
Средба на шефовите на дипломатиите на Азербејџан и Ерменија, Мемедјаров и Мнатсаканјан, во Њујорк

Азербејџанскиот министер за надворешни работи Елмар Мемедјаров и ерменскиот министер за надворешни работи Зохраб Мнатсаканјан се состанаа во Њујорк, САД во склопот на процесот за изнаоѓање решение за проблемот Нагорно Карабах.

Шефот на азербејџанската дипломатија Мемедјаров во објавеното писмено соопштение истакна дека средбата траеле повеќе од 3 часа и дека притоа биле разменети интересни и значајни мислења по прашањето на решението на проблемот и што би можело да се направи за воспоставување на одржливиот мир.

Елмар Мемедјаров напомена дека била постигната согласност по прашањето на продолжување на преговорите во наредниот месец, како и посетата на копретседателите на Групата Минск на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) на областа.

На средбата присуствуваа и копретседателите на Групата Минск на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), Русинот Игор Попов, Французинот Стефан Висконти, Американецот Енрју Шофер и специјалниот претставник на ОБСЕ Полјакот Анджеј Каспжик.


 



Слични вести