Рудејне: Говорот на Абас пред Генералното Собрание на ОН може да биде последна можност за мир

портпаролот на палестинскиот претседател Махмуд Абас, Небил Ебу Рудејне рече: „Говорот што Абас ќе го одржи пред Генералното Собрание на ОН во четврток би можел да биде последна можност за мир.“

1057186
Рудејне: Говорот на Абас пред Генералното Собрание на ОН може да биде последна можност за мир

Според веста на палестинската официјална новинска агенција ВАФА, портпаролот на палестинскиот претседател Махмуд Абас, Небил Ебу Рудејне истакна дека говорот на претседателот Абас пред 73-тото заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) ќе биде во својство на крстопат т.ј. зацртување на својот пат и дека ќе претставува подготовка за еден нов степен по прашањето на соочување со проблемите кои што ги доживува палестинскиот народ.

Рудејне рече: „Говорот што Абас ќе го одржи пред Генералното Собрание на ОН во четврток би можел да биде последна можност за мир.“

Привлекувајќи внимание дека говорот на Абас содржи сеопфатна национална стратешка визија која што длабоко ќе се одрази на настаните во регионот и светот, Ебу Рудејне рече: „Без Ерусалим и светите вредности не може да има праведен и траен мир во регионот, без Ерусалим не може да се постигне решение. Регионот пак ќе остане во нестабилност и во круг на војна без свој крај.“

Ебу Рудејне подвлече дека било каков договор, било каква одлука или процедура кои нема да бидат прифатени од страна на палестинскиот народ и палестинската управа и нема да бидат поврзани со меѓународниот и арапскиот легитимитет, ќе немаат и свој легитимитет.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас својот говор пред 73-тото заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) се очекува да го одржи во четвтрок (утре).

 



Слични вести