Трамп: Разговорите со Северна Кореја ќе продолжат се до целосна денуклеаризација

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека разговорите со Северна Кореја ќе продолжат се до целосна денуклеаризација

1056688
Трамп: Разговорите со Северна Кореја ќе продолжат се до целосна денуклеаризација

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање пред 73-тото заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк истакна дека разговорите со Северна Кореја ќе продолжат се до целосна денуклеаризација.

Трамп потсети дека во јуни во Сингапур се состана со свернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун и рече: „Стоиме на исто мислење за денуклеаризација на Корејскиот полуостов. Северна Кореја ги ослободи заробениците и ни ги предаде остатоците на нашите војници. Разговорите ќе продолжат се до целосна денуклеаризација.“

Осврнувајќи се и на прашањето со тероризмот Трамп истакна дека ќе продолжат да работат заедно со своите партнери за прекинување на сите финансиски извори за радикалните терорсти (како што рече радикални исламистички терористи).

Тој напомена дека ДЕАШ е исфрлен од сите подрачја кои што ги држеше под контрола.

Американскиот претседател Донад Трамп по прашањето на Сирија пак рече: „Ако Асад употреби хемиско оружје ќе преминеме во акција.“

 



Слични вести