Трамп најави можност за одржување наскоро на втор самит со севернокорејскиот лидер Ким

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека државниот секретар Мајк Помпео работи на деталите во врска со вториот самит со севернокорејскиот лидер Ким за кој е можно да се одржи наскоро

1055918
Трамп најави можност за одржување наскоро на втор самит со севернокорејскиот лидер Ким

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп истакна дека наскоро ќе се одржи втор самит со лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-Ун.

Трамп во своето обраќање на еден состанок во Обединетите нации (ОН) нагласи дека односите помеѓу САД и Северна Кореја се доста развиени.

Тој рече дека државниот секретар Мајк Помпео работи на деталите во врска со вториот самит со севернокорејскиот лидер Ким, за кој е можно да се одржи наскоро.

Америкнскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на Северна Кореја Ким Јонг-ун на 12 јуни се состанаа во Сингапур и по самитот двајцата лидери постигнаа согласност по прашањето на денуклеаризација на Северна Кореја.

Меѓутоа во понатамошните недели почна да се влошува дипломатската атмосфера помеѓу двете земји и американската страна ја обвини Северна Кореја дека не се откажува од нуклеарната програма.

И покрај тоа што војната помеѓу Јужна Кореја и Севера Кореја е завршена со потпишаното примирје во 1953 година, поради тоа што не е потпишан мировен договор се смета дека војната технички сè уште продолжува.

 



Слични вести