Ле Дријан посака од ОН да дадат поддршка на договорот помеѓу Турција и Русија за сириски Идлиб

Францускиот министер за надворешни работи Ле Дријан истакна дека го дочекуваат со задоволство постигнатиот договор помеѓу Турција и Русија за подрачјето на Идлиб во Сирија и дека посакуваат од Обединетите нации (ОН) да дадат поддршка на овој договор

1056352
Ле Дријан посака од ОН да дадат поддршка на договорот помеѓу Турција и Русија за сириски Идлиб

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан на одржаната конференција за претставниците на печатот во седиштето на Обединетите нации (ОН) во Њујорк направи проценка на договорот за Идлиб постигнат помеѓу Анкара и Москва на 17 септември во рускиот град Сочи.

Ле Дријан истакна дека го дочекуваат со задоволство постигнатиот договор помеѓу Турција и Русија за подрачјето на градот Идлиб во Сирија.

Шефот на француската дипломатија напомена дека посакуваат од Обединетите нации (ОН) да дадат поддршка на овој договор.

Ле Дријан предупреди дека доколку не може да се изнајде соодветно решение за кризата во Сирија војната во оваа земја би можела да биде доведена во трајна состојба и рече: „Тоа онолку колку што претставува одговорност на Бешар Асад, тулку претставува одговорност и на оние кои го поддржуваат. За изнаоѓање политичко решение има потреба од мобилизација, во спротивно се оди кон ризик од трајна војна во регионот.“ 

Во врска со Либија пак, Ле Дријан истакна дека има такви кои присутното статус кво состојба во земјата го продолжуваат во правец на сопствените интереси и застана во одбрана на тоа дека оние кои го блокираат мировниот процес треба да бидат подложени на санкции и меѓународната заедница треба да презентира одлучен став по ова прашање.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан воедно го додаде и тоа дека треба да се спроведуваат санкции против милициските сили кои и се закануваат на управата во Триполи.

 



Слични вести