Гутерес пред Генералното Собрание на ОН повика на меѓународна соработка и реформа во организацијата

Уводниот говор на отворањето на 73. заседание на Генералното Собрание на ОН го одржа генералниот секретар Антонио Гутерес кој повика на меѓународна соработка и реформа во светската организација

1056649
Гутерес пред Генералното Собрание на ОН повика на меѓународна соработка и реформа во организацијата

Започна 73-тото заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк на која Турција ја претставува претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Уводниот говор на отворањето на 73-тото заседание на Генералното Собрание на ОН кое започна со учество на повеќе од 140 шефови на држави и премиери го одржа генералниот секретар на светската организација Антонио Гутерес.

Тој во својот говор рече: „Се поголем е гневот поради тоа што не можеме да ги сопреме војните во Сирија, Јемен. Араканците се протерани, живеат во беда и бараат правда“.

Велејќи дека Палестинците и Израелците во еден бескраен судир со секој поминат ден се оддалечуваат од решението со две држави, Гутерес продолжи со следните зборови: „Заканата од тероризмот расте. Нуклеарната закана не помина. И покрај сите забрани безмилосно се употребува хемиското оружје. Се зголемуваат тензиите преку трговијата. Имигрантите и бегалците продолжуваат да биваат подложени на дискриминација. Климатските промени напредуваат побрзо од нас и пристигнуваат повици со крикови за помош.“ 

Гутерес истакна дека за глобален просперитет и безбедност на нациите глобалното затоплување треба да се ограничи на 2 степени  и предупреди дека климатските промени ќе наштетат на се и дека иднината ни е во опасност.

Тој ја даде пораката дека војните би можеле да се спречат со лидерство кое ќе се потпира на стратешка соработка и дека со тоа светот ќе може да се усмери кон побезбеден пат, а воедно упати повик за меѓународна соработка и реформа во Обединетите нации (ОН) во како што рече во овој период во кој се чувствува најголема потреба од светските лидери.

Свое обраќање на генералната дебата на 73-тото заседание пред Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) ќе одржи и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Годинашната тема на Генералното Собрание на ОН гласи „„Да ги направиме Обединетите нации релевантни за сите луѓе: Глобално лидерство и заедничка одговорност за мирни, рамноправни и одржливи општества“.

 



Слични вести