Во Танзанија се погребуваат 224-те жртви во бродската несреќа во езерото Викторија

Во Танзанија се одржуваат церемонии на погребување на 224-те жртви во несреќата при потонување на патнички траек во езерото Викторија во четвртокот

1055661
Во Танзанија се погребуваат 224-те жртви во бродската несреќа во езерото Викторија

Започнаа церемониите на погребување на 224-те лица кои го загубија животот во несреќата со патничкиот траект во езерото Викторија во Танзанија.

Според веста на државната телевизија, на церемонијата на погребување на жртвите учествуваше и премиерот на Танзанија Касим Мажалива.

Танзанискиот министер за транспорт Исак Камвелве истакна дека на 172-вајца од загинатите им бил утврден идентитетот и дека продолжуваат работите за утврдување на идентитетот и на другите жртви.

По несреќата од езерото беа спасени приближно 40 лица.

Министерот за одбрана на Танзанија Венанс Мабејо соопшти дека поради тоа што се изгубени надежите за преживеани во несреќата активностите за пребарување и спасување се прекинати.

Вчера и покрај тоа што од несреќата беа поминати два дена беше спасено едно лице се кое беше дознаено дека било инженер на потонатиот траект.

Танзаницскиот претседател Џон Магуфули истакна дека според добиени први извештаи несреќата се случила поради тоа што на траектот се наоѓале многу поголем број лица од максималниот капацитет.

Несреќата која за облеа во тага земјата се случила на само 50 метри од пристаништето и се претпоставува дека поголемиот дел од загинатите не знаеле да пливаат. 

Освен тоа се вели дека патничкиот траект кој што освен патници превезувал и товар бил со максимален капацитет за 100 лица.

Патничкиот траект по име „The MV Nyerere“ кој што превезувал патници помеѓу островите Укара и Буголара во четвртокот (20 септември) се преврте и потона во езерото Викторија.

Траектите и бродовите кои што превезуваат многу поголем број лица од нивниот максимален капацитет и притоа не се одржуваат, во Танзанија и претходно доведоа до големи несреќи.

Во несреќата со потонатиот патнички траект повторно во езерото Викторија во 1996 година животот го загубија повеќе од 800 лица, а во доживеаната несреќа истата година во близина на Занзибар загинаа приближно 200 лица.

 



Слични вести