Рускиот опозиционер Алексеј Навални повторно притворен на излегување од затвор

Рускиот опозиционер и основач на Фондот за борба против корупцијата Алексеј Навални на излегување од затвор беше повторно лишен од слобода и притворен

1055613
Рускиот опозиционер Алексеј Навални повторно притворен на излегување од затвор

Алексеј Навални, едниот од лидерите на руската опозиција и основач на Фондот за борба против корупцијата, веднаш откако беше пуштен од затвор беше повторно лишен од слобода и притворен.

Леонид Волков кој се наоѓа на чело на политичкото движење на Навални, на својата сметка на социјалната мрежа Твитер соопшти дека Навални кој ја издржал својата казна притвор од 30 дена на излегување од затворот повторно бил притворен.

Велејќи дека против Навални била донесена одлука за негово приведување поради тоа што бил причина за повредување на некои лица и за причинување штета врз државниот имот, Волков истакна дека Навални поради тоа би можел да добие 20 дена затворска казна.

Алексеј Навални минатиот месец беше притворен пред неговата куќа и потоа од страна на Регионалниот суд Тверској во Москва пред кој беше изнесен, беше осуден на 30 дена затворска казна поради учество на еден митинг на 30 јануари.

Навални, во јануари го повика народот да излезе на улица за да протестира против владиниот нацрт-закон за зголемување на старосната граница за пензионирање во земјата.

 



Слични вести