Иран прогласи еднодневна жалост поради терористичкиот напад во градот Ахваз

Во објавеното соопштение од кабинетот на иранскиот претседател се истакнува дека поради реализираниот вооружен терористички напад во градот Ахваз во саботата владата прогласи еднодневна жалост во земјата

1055525
Иран прогласи еднодневна жалост поради терористичкиот напад во градот Ахваз

Иранската влада денеска прогласи еднодневна жалост во земјата по повод извршениот вооружен терористички напад во градот Ахваз во провинцијата Хузистан.

Во објавеното соопштение од кабинетот на иранскиот претседател се истакнува дека поради реализираниот вооружен терористички напад во градот Ахваз во саботата владата прогласи еднодневна жалост во земјата. 

Во соопштението се вели дека загинатите во случајот ќе бидат погребани со церемонии кои што ќе се одржат денеска и се изразува сочувство до блиските на загинатите.

Завчера (22 септември во сабота) за време на воена парада која што се одржуваше по повод 38-мата годишнина од иранско-ирачката војна во градот Ахваз во провинцијата Хузистан во која во мнозинство живеат Арапи, беше реализиран вооружен напад  и притоа во нападот загинаа 25 лица од кои 17 војници, а 60 лица беа ранети.

Во меѓувреме, министерот за разузнавање на Иран Махмуд Алеви изјави дека биле фатени голем број извршители на вооружениот напад во градот Ахваз во провинцијта Хузистан.

Министерот Алеви кој во име на владата учествуваше на церемонијата на погребување во Ахваз на 25 лица кои го загубија животот во терористичкиот напад, воедно истакна дека четирите лица кои го извршиле нападот биле убиени.

Иранскиот министер за разузнавање додаде дека ќе бидат пронајдени сите оние кои се наоѓаат во позадината на нападот.

 



Слични вести