Бројот на починатите од епидемија на колера во Нигерија се зголеми на 97 лица

Во објавеното соопштение од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања се истакнува дека во провинциите Борно и Јобе во последните два месеци се утврдени 3.126 случаи на заболени од колера и дека досега животот го загубија 97 лица

1055122
Бројот на починатите од епидемија на колера во Нигерија се зголеми на 97 лица

Бројот на починатите од епидемија на колера во последните два месеци во североисточниот дел на западноафриканската држава Нигерија се зголеми на 97 лица.

Во објавеното соопштение од Канцеларијата на Обеднетите нации (ОН) за координација на хуманитарни прашања се истакнува дека во провинциите Борно и Јобе во последните два месеци се утврдени 3.126 случаи на заболени од колера и дека досега животот го загубија 97 лица.

Во соопштението се вели дека во 6 области во провинцијата Јобе се утврдени 989 случаи на заболени и дека поради епидемијата досега животот го загубија 61 лице.

Во 8 области во провинцијата Борно пак се вели дека се утврдени 2.137 случаи на заболени од колера и дека 36 од нив починале. 

Инаку, во областите во Нигерија каде што постои недостаток од чиста вода за пиење често се појавува епидемија на колера.

 



Слични вести