Вооружен напад во сојузната држава Мериленд во САД: 3 лица загинаа, а 3 лица се ранети

Вооружениот напад бил извршен во градот Аберден во сојузната држава Мериленд во САД кога една жена-напаѓач почнала да пука наоколу пред центар за дистрибуција на лекови и витамини во еден купопродажен центар при што загинале 3 лица, а 3 лице биле ранети

1054047
Вооружен напад во сојузната држава Мериленд во САД: 3 лица загинаа, а 3 лица се ранети

Во вооружен напад во сојузната држава Мериленд во САД животот го загубија 3 лица, а 3 лица се ранети.

Вооружениот напад бил извршен во градот Аберден пред центар за дистрибуција на лекови и витамини во еден купопродажен центар.

Шерифот на округот Харфорд во сојузната држава Мериленд на својата официјална сметка на Твитер напиша: „Можеме да потврдиме дека е извршен вооружен напад на локацијата помеѓу патот Спесутиа и патот Периман. Има голем број жртви.“

Како што се наведува 26-годишна жена-напаѓач чие име засега не е соопштено почнала да пука наоколу пред еден центар за дистрибуција на лекови со рецепти.

Полицијата интервенирала при што жената-напаѓач била тешко ранета по што била префрлена во болница каде што го загубила животот.

Надлежен кој посакал да остане анонимен изјавил за новинската агенција АсошиетедПрес дека во вооружениот напад животот го загубиле 3 лица.

 



Слични вести