Предупредување од Макрон: ЕУ е во опасност и има потреба од длабока реформа

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во австрискиот град Салцбург дека Европската унија (ЕУ) е во опасност и дека има потреба од длабока реформа

1053733
Предупредување од Макрон: ЕУ е во опасност и има потреба од длабока реформа

Францускиот претседател Емануел Макрон по неформалниот лидерски самит на Европската унија (ЕУ) во австрискиот град Салцбург одржа конференција за претставниците на печатот.

Макрон истакна дека Европската унија (ЕУ) е во опасност и дека има потреба од длабока реформа.

Нагласувајќи дека ЕУ која нема да биде подложена на промена и на трансформација согласно случувањата е во опасност, Макрон рече: „Јас сум на страната на длабока реформа во Европската унија (ЕУ).“

Францускиот претседател Макрон напомена дека на неформалниот самит било разговарано за прашањата на безбедноста на ЕУ и борбата против тероризмот и додаде дека забраната на информациите со терористичка содржина на интернет претставува значаен развој. 

Правејќи проценка и на одлуката на Велика Британија за излез од Европската унија (ЕУ), Макрон рече: „Се наоѓаме во момент на одлучување. Предлозите кои што денеска од страна на Велика Британија беа поставени на маса се неприфатливи. Никако нема да прифатиме одлука која што ќе и наштети на ЕУ и на целината на Унијата.“

По прашањето на имигрантите пак францускиот претседател Емануаел Макрон истакна дека проблемот е создаден од страна на оние кои не ги почитуваат меѓународните правила  и додаде дека оние кои не се придржуваат кон правилата на Европската унија (ЕУ) не ќе можат да ги користат фондовите на ЕУ.

 



Слични вести