Повик од Гутереш за спроведување на меморандумот во Сочи

Гутереш не одговори на прашањето во врска со тоа „Дали американскиот претседател Доналд Трамп претставува закана за мултинационалниот систем“

1053917
Повик од Гутереш за спроведување на меморандумот во Сочи

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди дека мултинационалниот систем е во опасност поради што упати повик до лидерите за зголемување на меѓународната соработка.

На прес конференцијата пред претстојните средби на 73-то Генерално собрание на ОН закажано за 25 септември, Гутереш на прашањето во врска со тоа „Дали американскиот претседател Доналд Трамп претставува закана за мултинационалниот систем“ не даде одговор потенцирајќи дека на говорот што ќе го одржи идната недела пред лидерите, ќе подвлече на значењето на заштитата на мултинационалниот систем.

Во врска со заштитата на примирјето во Идлиб, Гутереш се осврна на средбата на претседателот  Реџеп Тајип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин во Сочи и рече:

Во случај доследно да се спроведе договорот за формирање тампон зони кој беше постигнат меѓу турскиот претседател Ердоган и рускиот претседател Путин, тогаш околу 3 милиони цивили од кои еден милион деца ќе се спасат од катастрофа.

Гутереш меѓудругото упати повик до лидерите да дадат силно ветување за спроведувањето на меморандумот во Сочи, заштитата на цивилите, обезбедување пристап за доставување хуманитарна помош и напредок на Женевскиот мировен процес.



Слични вести