Помпео: САД прават подготовки за разговори за промена на односите со Северна Кореја

Американскиот државен секретар Мајк Помпео најави дека по донесените одлуки од страна на лидерите на Северна и Јужна Кореја САД прават подготовки за разговори за промена на односите со Северна Кореја

1053241
Помпео: САД прават подготовки за разговори за промена на односите со Северна Кореја

Американскиот државен секретар Мајк Помпео објави писмено соопштение во врска со остварената средба помеѓу претседателот на Јужна Кореја Мун Јае-ин и претседателот на Северна Кореја Ким Јонг-ун во јужнокорејскиот главен град Пјонгјанг и истакна дека овој развој го додечкуваат со задоволство.

Помпео најави дека по донесените одлуки од страна на лидерите на Северна и Јужна Кореја САД прават подготовки за разговори за промени во своите односи со Северна Кореја.  

„Утрово побарав од мојот колега јужнокорејскиот министер за надворешни работи Ри Јонг Хо да одржиме средба за време на заседанието на Генералното собрание на ОН за кое се планира да се одржи идната недела во Њујорк. На ист начин ги поканивме и функционерите на Северна Кореја за најскоро време да се состанат со специјалниот претставник на САД за Северна Кореја Стефан Биегун во австрискиот главен град Виена  Овој процес укажува на значаен почеток во име на денуклеаризацијата на корејскиот полуостров за која што се планира да заврши во јануари 2021 година и за промената на односите помеѓу САД и Северна Кореја. “ – рече американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Лидерите на Јужна и Северна Кореја кои се состанаа во Пјонгјанг истакнаа дека и покрај тешкотиите и потенцијалните проблеми ќе ги продолжат заедничките напори за мир и заеднички просперитет.

Велејќи дека со севернокорејскиот лидер Ким имаатсо однос на доверба и пријателство, претседателот на Јужна Кореја Мун рече: „Процесот за мир и уништување на нуклеарното оружје е нов. Би можеле да изградиме иднина која што не била искусена од никого.“

 



Слични вести